„Апсурдно е да се прават реформи со Меџити“ – Хоџа со критики за соработката во опозицискиот блок

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Замислете ја сликата на овој опозициски блок, на следниот изборен митинг во Чаир, каде во првиот ред ќе бидат наредени Изет Меџити, Висар Ганиу, Зеќирија Ибрахими, Беким Сали и Кастриот Реџепи. Сите политички актери од 2017 година наваму кои се противеа еден на друг се до  затворски казни, и што ќе им кажат  на граѓаните во Скопје, во Чаир за тоа кој го уништи Чаир, кој дозволи дивоградби во Чаир, кој го стави во ваква позиција делот од старо Скопје?“, вели Арјанит Хоџа.

Вака Аријанит Хоџа се изрази за идејата за опозициски блок што Изет Мејхити ја најави со албанските партии Алтернатива и БЕСА. За оваа соработка Хоџа смета дека се легитимираат сили кои немаат политичка тежина. Во меѓувреме, тој го критикуваше Изет Меџити, за кого рече дека 18 години управува со старо Скопје и дека е апсурдно да се бара реформи со него во ДУИ и апсурдно е ДУИ да оди во опозиција со ново ДУИ.

„Не сакам ДУИ да оди во опозиција со нова ДУИ, која е алтернативата што се нуди?“, додава Арјанит Хоџа

Арјанит Хоџа меѓу другото зборуваше и за неговото заминување од Движење Беса. Тој ја критикуваше соработката со Алтернатива, за која вели дека се случила само за да му гарантира на Африм Гаши пратенички мандат.

„До денес, по потпишувањето на тој меморандум, во Алтернатива и Беса има луѓе кои не зборуваат. Од кои причини само за разделба, не за друго. Сега, без вистинска причина, само двајца седнуваат и разговараат за да ги надминат овие, а во суштина во структурата останува истото незадоволство и истата поделеност“, вели Арјанит Хоџа.

Една од причините за заминувањето од Беса, рече Хоџа, е тоа што се собираат политички групи кои немаат кауза, идеи и платформа.