Арачиново презема мерки по случајот со западнонилска треска, прскањето против комарци ќе се повтори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Општина Арачиново презема превентивни мерки по пријавувањето на случај на Западнонилска треска на нејзината територија.

Градоначалникот Даут Беќири соопшти дека прскањето против комарци во општината било извршено на 12 јули, а по новиот случај, дезинсекцијата повторно ќе се спроведе во текот на оваа недела, на целата територија на општината.

„Го разбираме загриженоста на нашите граѓани. Токму затоа превентивните мерки продолжуваат без прекин“, порача Беќири, додавајќи дека општинските служби ќе ја следат состојбата и ќе преземаат дополнителни мерки доколку биде потребно.

Од Општина Арачиново велат дека целта е да се намали ризикот од ширење на болеста и да се заштити здравјето на населението.

Веста доаѓа во период кога во земјата се регистрирани повеќе случаи на Западнонилска треска, поради што надлежните институции апелираат на поголема внимателност и превенција од убоди од комарци.