Изјавата на министерот за здравство Арбен Таравари кој деновиве во Дејли клик на ТВ21 за уставните измени побара уште една година беше поводот за прашањето на Арбана Пашоли од Европскиот фронт. Ветувавте дека за 6 месеци ќе ги направите уставните измени дали и ова беше една од вашите манипулации праша Пашоли.
Таравари и врати дека таа нема право да зборува за европските интеграции и за донесување на уставните измени бидејќи претходно беа тие на власт и дека не направиле ништо за ова. Се сликавте во авиони и манипулиравте дека ги почнавте преговорите рече Таравари.
Пашоли му постави прашање на Таравари и за тоа дали неговата партија ќе се ангажира да се сменат имињата на улиците во Гостивар. На ова тој и одговори дека ништо не може да се прави со сила, туку тоа треба да се направи со заеднички консензус.
