Политичкиот аналитичар Арбен Раткоцери на социјалните мрежи направи споредба помешу односот и ситуацијата помеѓу Русија и Украина и Бугарија и С.Македонија.
„Путин Украина ја нарекува комунистичка зомби творба, исто како и бугарскиот став за македонскиот народ и јазик за кои смета дека се комунистичка творба. Русија официјално ги негира/оспорува украинскиот јазик и нација исто како Бугарите македонската нација и јазик. Рускиот претседател своето право за анектирање на региони или на цела Украина го потпира на историјата. И Бугарија вели дека историјата до Македонија е заедничка до 1945 година!!! И таканатаму. Впечаток ми остави ставот на повеќето медиуми, но и на македонското општество кое нема тронка сочувство кон украинскиот преседан туку напротив!“, напиша Раткоцери
