Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми со јавување во живо во Клик Плус рече дека се информирани за многу нерегуларности од терен за време прегласувањето и дека не го признаваат резултатот во Изборната Единица 6.
-Замислете, веќе е 22:00 часот а ДИК сеуште нема официјални резултати за едно гласачко место, рече Адеми.
