Координаторот на ДУИ, Арбр Адеми рече дека во Собранието се злоупотребува дебатата за разрешување на министрите со што се одолговлекуваат досадните говори на неколку опозициски пратеници.
Адеми за ТВ21 рече дека постои еден вид конспиративна коалиција меѓу ВМРО дпмне, Левица и како што ги нарече, Албанци умилкувачи кои ја хранат оваа коалиција со лажни вести, измислици и обвинувања.
„Не е ништо тајна да кажеме дека постои еден вид конспиративна коалиција меѓу ВМРО, Левица и неколку умилкувачи Албанци кои ја хранат оваа коалиција со лажни вести, измислици и обвинувања, не штедејќи ниедна животна вредност на политичкиот дискурс. Симптоматично е што овие групи секогаш се појавуваат во одлучни моменти за земјава и општеството. Тие се обидуваат да ги загрозат процесите кои произлегуваат од Рамковниот договор за да го урнат начелото победни со победник“, вели Арбр Адеми.
Адеми тврди дека сите пратеници на ДУИ ќе гласаат за реконструкција на Владата.
„Официјално како координатор на парламентарната група на ДУИ ниеден пратеник не најавил глас против туку независно од сите случувања, му веруваат на Али Ахмети и неговата визија за подобра иднина“, додава Адеми.
-Сметате дека и Огнената група ќе гласа ЗА?
„Ќе повторам, сите пратеници кои му веруваат на Али Ахмети ќе дадат поддршка за концептот за Европска Македонија и заеднички европски фронт“, порача Адеми.
Координаторот на пратеничката група на ДУИ исто така додаде дека парламентарното мнозинство ќе биде побројно од досегашното .
