Аргентина вечерва од 18:00 часот во натпревар против Египет во Атланта, го игра натпреварот за пласман во 1/4 финале на Мундијалот. Актуелниот првак предовден од одличниот Лионел Меси, ќе се обиде да дојде до уште еден трофеј на Мундијалите, после оној во Катар 2022 година. Египет, пак, предводен од Мо Салах ќе треба да направи огромно изненадување, за да се пласира меѓу најдобрите осум.
Аргентинците не беа убедливи во 1/8 финалето против Зеленортските Острови, и победија минимално со 3-2 дури по продолженијата. Египет, пак, испиша историја со победата над Австралија, која беше прва во нокаут фазата на Светското првенство.
Најдобриот стрелец на сите времиња на Светските првенства, Аргентинецот Лионел Меси, се стреми да стане само шестиот играч во историјата што постигнал гол во првите пет натпревари на својот тим на Светските првенства. Ниеден играч не влегува во осминафиналето со повеќе создадени шанси од Мохамед Салах од Египет (16) – ниту еден од неговите последни шест голови за репрезентацијата, не е постигнат пред 40-тата минута.
Победникот од овој натпревар ќе игра со победникот од дуелот Швајцарија – Колумбија, кој е на програмата во 22:00 часот.
