Арктичка бура во САД, откажани летови, температурите ќе паднат до -45 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Илјандици летови се откажани, откако метеролозите во САД вчера предупредија за „потенцијално парализирачки временски услови“ во централните и источните делови од земјата пред Божиќ.

Ова би можело да предизвика големи прекини во сообраќајот за време на празникот.

„Ова е сериозна работа“, изјави американскиот претседател Џо Бајден.

Издадени се предупредувања за повеќе од 135 милиони лица поради моќната арктичка зимска бура. Националната метеролошка служба најави дека во одредени делови температурите може да паднат и до -45 степени.