Арсовска го образложува враќањето на Ќосето: „Бил револуционер кој дејствувал праведно“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и советниците на Левица пред десетина дена на редовна седница, со 23 гласа ЗА, седум воздржани и тројца против, гласаа за враќање на споменикот на Андон Лазов – Ќосето. Овој пат ќе биде поставен на друга локација, во близина на трговскиот центар „Ист Гејт Мол“. Според ВМРО-ДПМНЕ, нивните советници во Град Скопје делуваат во одбрана на македонската култура и историја.

Но зошто толку настојување за враќање на споменикот на Ќосето? Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека Андон Лазов бил револуционер и борец за правда кој делувал на неселективен начин.

Професорот по историја, Музафер Беслими, вели дека за разлика од вистинските револуционери како што се Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и Петар Чаулев, Ќосето е непознат кој нема ништо со револуцијата во Македонија.

„Ќосето немал никаква улога во организацијата во која бил. Тој бил локален војвода. За разлика од Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и Петар Чаулев тој е анонимус. Нема никаква врска со револуцијата во Македонија, ниту со ВМРО“, вели Беслими.

Според Википедија, Андон Лазов – Ќосето, познат по прекарот Касапот, во својата дејност бил признат како терорист на Македонската револуционерна организација, организација во која се приклучил во Солун. Таму се сретнал со Даме Груев и директно од него примал наредби. Во тоа време Ќосето наредил да се убие неговиот брат Никола за, како што се вели, да не се предаде организацијата. Споменикот на Ќосето пред пет години беше отстранет од поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, со образложение дека е дивоградба. Во тоа време тој беше поставен пред Врховниот суд.