Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска оствари средба со европскиот шампион Бобан Илиоски.
„Скопје има Европски шампион во кик-бокс! Горди сме на нашиот Бобан Илиоски кој во Атина ја освои европската титула во кик бокс во конкуренција на 982 натпреварувачи со 1133 натпреварувачки влезови од 41 европска држава.
Тој во финалето на Европското кик бокс првенство за сениори кое се одржа во Грција, го совлада Ерик Нивегловски од Полска. Бобан по втор пат е носител на шампионската титула и златниот медал, со што покажа дека е еден од најдобрите европски и светски кикбоксери.
Успесите во низа кои ги постигнува Бобан се наша гордост и ќе продолжиме со поддршката на овој наш несекојдневен македонски талент, кој Македонија ја промовира со секоја своја нова победа!“, вели Арсовска