Арсовска со одговор за стопираните проекти – „Шилегов ги почна без да знае како да ги реализира“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска тврди дека нејзиниот претходник Петре Шилегов започнал проекти без да знае како ќе ги реализира, ниту колку време ќе траат и кога ќе завршат. Од таа причина е стопиран и проектот за  мостот АСНОМ, рече Арсовска, додавајќи дека во тој проект има многу имот со проблеми за отуѓувањето, поради што е многу тешко преку мостот да се поврзат двете страни.

За проектот Бас Рапид Транспорт Арсовска рече дека треба да се прашаат граѓаните, бидејќи според неа, постојат многу ризици, а проектот ќе чини многу.

Арсовска истакна дека ќе се реализираат само тие проекти што се почнати и кои се во интерес на граѓаните, додека освен овие два проекти таа го стопираше и тендерот за проширување на булеварот Никола Карев.