“Ццццц…..“
На начин “А ла Рама, првиот вицепремиер Артан Груби му одговори на неговиот сопартиец од ДУИ, Изет Меџити, кој вели дека како Груби така и Османи не го претставуваат електоратот на Интегративците во Скопје.
Како што би одговорил премиерот Рама на разни прашања за политичките случувања, и јас го имам истиот одговор: ццццц….
ТВ21:Зошто?
Груби: Цук…
ТВ21: Немате никаков коментар?
Груби: Цук…цук….никаков!
Ваквиот стил на одговарање не е непознат за албанските политичари. Албанскиот премиер Еди Рама често го користи…Последен пат, кога не сакаше да зборува за Албин Курти.
Неодговарањето на Груби до Меџити, може да биде и негов обид за да не се продлабочат поделбите меѓу него и потпретседателот, но Меџити постојано, од самото формирање на оваа Влада, бара промена на кадрите на Интегративците во извршната власт, велејќи дека овие сегашните не можат на најдобар начин да ја претстават партијата во Влада.
„Мислам дека г. Груби и г. Османи не се тие кои што можат на кредибилен начин да го претстават електоратот на ДУИ во Скопје“, посочи Изет Меџити од ДУИ.
За разлика од Груби, министерот за надворешни работи, Бујар Османи кои исто така доаѓа од редовите на ДУИ, пред неколку дена во Клик плус на ТВ21 му одговори на Меџити, како за работата на владата така и за партијата.
„Без коментар, бидејќи немам за цел да коментирам лични ставови, јас го мислам токму спротивното. Мислам дека тимот е еден од најкоординираните, најефикасните до сега во имплементација на програмата. Не сакам да го потценувам мислењето на господинот. ДУИ има 100 илјади гласачи кои можат да имаат различни мислења, меѓутоа потсетувам дека работата ја вршиме со голема искреност и чесност“, истакна Бујар Османи, портпарол на ДУИ.
Во февруари оваа година, за да ги разјаснат разликите, Интегративците се собраа во седиштето на Мала Речица,по што,лидерот Али Ахмети излезе и рече дека се разјаснети разликите се “до последниот атом“ и дека “сите нешта начелно се разјаснети и целата работа е на вистинските шини“, но и сега по 3 месеци, разликите внатре во ДУИ продолжуваат!
