АстраЗенека по ревизијата: „Нема докази за зголемен ризик од згрутчување на крвта“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фармацевската лабораторија на АстраЗенека денеска објави дека во истрагата не пронашле докази за зголемен ризик од згрутчување на крвта кај луѓето имунизирани со вакцината против „ковид-19“.

Ревизијата опфати повеќе од 17 милиони луѓе вакцинирани во Европската унија и Велика Британија, се вели во соопштението.

Внимателната анализа на сите достапни и сигурносни податоци од повеќе од 17 милиони луѓе вакцинирани во Европската унија и Велика Британија со АстраЗенека против ковид-19 не покажале докази за зголемен ризик од белодробна емболија, длабока венска тромбоза или тромбоцитопенија, се вели во соопштението.

Таквите ризици „не се пронајдени во ниту една дефинирана возрасна група, ниту во која било полова група, каква било група вакцини, ниту во која било држава“, се вели во соопштението.

„Досега околу 17 милиони луѓе во Европската унија и Велика Британија ја примија нашата вакцина и бројот на потврдени тромби во таа популација е помал од стотиците што се општо се очекуваат кај популацијата“, се вели во изјавата потпишана од директорот Ен Тејлор.

Тој забележува дека поради „природата на пандемијата, зголемено е вниманието на индивидуалните случаи“ и дека се применети над-стандардни мерки за да се обезбеди јавното здравје.

Инаку досега неколку држави ја прекинаа вакцинација со АстраЗенека.

Европската агенција за лекови изјави дека нема индикации за каузална врска, што во петокот го повтори Светската здравствена организација.