На тема дигитализација во образовниот процес дебатиравме во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 со проф. Д-р Петар Атанасов, кој истакна дека додека тој бил заменик министер за образование имало пилот проект со цел да се види како може да се дигитализира наставата, а не само дигитални учебници да се воведат.
Тој додаде дека нема „бегање“ од дигитализацијата.
„Дигитализацијата еден ден ќе дојде, но и учебниците ќе живеат со нас. Учебници мора да има, а дигитализацијата на наставата, и дигиталните алатки мора се повеќе да се употребуваат во зависност од нивоата во образованието“, посочува Атанасов.
Професорот смета дека оваа реформа не е добро подготвена и дека е избрзана.
„Оваа реформа не е добро подготвена, избрзана е, без многу цврсти аргументи. Една идеја развиена од еден месец министерката сакаше да ја претстави како идеја долго време развивана и едноставно некако се бара да се „избутка“ некако и да се направи некаков политички успех за кратко време“, додава Атанасов.
Во продолжение целата изјава:
