Туристите известуваат за „одисеја“ на нивното патување со German Airlines од Занзибар до Франкфурт преку Момбаса.
Летот со 306 патници беше закажан за средаta наутро во 9:45 часот по локално време. Тие требаше да се вратат во Франкфурт, каде првично се очекуваше да слетаат во 19 часот и 25 минути, пренесува RTL.
Веќе во Занзибар, сепак, станало јасно дека нешто не е во ред со авионот – нов Ербас А330нео.
„Времето на поаѓање се одложуваше неколку пати. Подоцна, пилотот објасни дека има недефиниран мирис во задната галија“, коментира за Билд, Габриеле Н.
Различни веб-страници за следење летови покажуваат дека авионот полетал за Момбаса, Кенија во 12:30 часот наместо во 9:45 часот каде што безбедно слетал.
Но, тогаш патувањето на 306-те патници нагло завршува.
„За жал, летот DE2283 од Момбаса до Франкфурт не можеше да лета како што беше планирано на 8 јануари 2025 година поради порака за техничка грешка во авионот. Сите 306 патници беа известени во Момбаса и сместени во хотели. Безбедноста на патниците и екипажот е наш најголем приоритет во секое време“, објаснува портпаролот на авиокомпанијата.
„Во меѓувреме, леталото е темелно проверено на лице место во согласност со стандардните процедури и штетата е исправена“, додаде портпаролот.
306-те туристи заглавени во Кенија се враќаат дома со речиси 48 часа доцнење
„Повратниот лет полета од Момбаса за Франкфурт во петокот на 10 јануари 2025 година во 11:10 часот по локално време. Искрено им се извинуваме на нашите гости за предизвиканата непријатност“, соопштија од авиокомпанијата.
