Вечерва на скопскиот аеродром треба да пристигнат уште 181 македонски државјани од Германија.
Тие се наоѓаат во авион кој треба да пристигне во Скопје во 00:10 часот по полноќ од Бон/Келн и веднаш ќе бидат пренесени во 14 дневен задолжителен карантин во хотели низ Македонија.
Ова е уште еден од летовите кои ги организираше Владата за враќање на наши граѓани кои се најдоа за време на коронавирусот во други држави.
За утре се предвидени два лета повторно: за Виена и Базел.
