Авион со 190 патници кој летал од Манчестер до Египет за малку ќе се срушел при слетувањето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Авион на „Изиџет“ кој летал од Манчестер до Египет, со 190 патници и членови на екипажот, избегнал трагедија, откако малку недостасувало да се урне при слетувањето во Хургада.

Компанијата и натаму го истражува инцидентот, и потврди дека пилотот е суспендиран.

„Безбедноста е приоритет број еден за сите наши пилоти, тие се обучени според највисоките индустриски стандарди, предмет на ригорозни тестирања и внимателно следени“, рече порпаролот на Изиџет.

Летот слета нормално, но имаме истрага која е во тек, и пилотот останува суспендиран, велат од компанијата.

Летот кој полетал од Манчестер го активирал системот за предупредување дека авионот е преблиску до тлото додека слетувал во Хургада. Во последен момент пилотот успеал да го избегне планинскиот внеец.

Инцидентот се случил во февруари, а пилотот Пол Елсворт веднаш беше на распит. „САн“ објавил дека авионот се спуштал се додека не се огласило предупредувањето. Ербасот А320 наводно го прелетал планинскиот венец на надморска височина од само 3100 сапки, што значи дека бил оддалечен само 771 стапки од планинскиот предел.

Потоа друг екипаж го управувал авионот кон Обединетото Кралство.