Австралиска авиокомпанија била цел на хакерски напад, украдени податоци од 6 милиони корисници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Австралиската авиокомпанија „Квантас“ утрово потврди дека била погодена од сајбер напад во кој хакерите ги добиле личните податоци на околу шест милиони нејзини корисници, додавајќи дека системот во меѓувреме е ставен под контрола.

Хакерите нападнале кол-центар и добиле пристап до платформа за услуги на клиентите од трета страна која содржела шест милиони имиња, е-адреси, телефонски броеви, датуми на раѓање и други лични податоци на корисниците на услугите на компанијата, соопшти денес „Квантас“.

Авиокомпанијата не ја прецизираше локацијата на кол-центарот или клиентите чии податоци беа компромитирани.