Израел го критикуваше Ердоган поради налогот за апсење на Нетанјаху

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја критикуваше Турција и нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган, откако таа земја издаде меѓународен налог за апсење на Нетанјаху.

Во соопштението од кабинетот на премиерот се наведува дека Ердоган „сега се обидува да ја прошири својата агресија против Израел и во Сирија“ и дека Израел нема да го толерира тоа, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Соопштението уследи по израелскиот напад врз сириска воздухопловна база, кој Израел го изврши поради загриженост за можно распоредување на турски војници во Сирија.