Австрија од 10. февруари ги заострува мерките за влез во земјата, поради новиот сој на коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од 10. февруари во Австрија стапуваат на сила нови и поостри мерки за влез во Австрија, кои ќе имаат за цел да го спречат новиот сој да „влезе“ во земјата.

Главна новост во уредбата, кое ја објави Министерството за здравство на Австрија, е приложен негативен тест при влез во земјата. Така во иднина покрај досегашниот обврзувачки десетдневен карантин, за сите кои влегуваат во земјата ќе мора да имаат негативен тест, не постар од 72 часа.

Алтернатива е тестирањето да се направи во земјата при влез во рок од 24 часа.

И покрај негативниот тест, лицето кое ќе влезе во Австрија од ризични региони и земји, мора да оди и во 10-дневен карантин. Межутоа за разлика од најавите, во уредбата останала можност за прекин на карантинот после петтиот ден, доколку лицето има нов негативен тест.

Прекуграничните работници со себе мора да имаат негтивен тест не постар од седум дена.

Поради новиот сој на коронавирусот, се забранува влез во Австрија на гражаните од Велика Британија. Од таа забрана се исклучоци само гражаните од ЕУ, лицата кои се наоѓаат на службен пат и студентите кои патуваат во Велика Британија.