Австрискиот сајт „Космо“ тврдидека лоцирал една од двете жени кои се појавуваат на фотографијата од Виена на која се гледаат две жени со девојче кое лични на Данка Илиќ, која е исчезната веќе осум дена.
Таа жена е романска државјанка, а таа тврди дека е нејзината ќерка.
Како што пишува овој сајт, стапиле во контакт преку социјалните мрежи, која кажала дека е нервозна кога дознала што се случува.
„Што да кажам, од неделата ми е пекол. Бев во Велс кога во текот на ноќта примив неколку пораки дека фотографија со мој лик се дели на сите социјални мрежи и на теливизиите во Србија и во Романија поради исчезнато девојче. Веднаш отидов во полиција во Велс и побарав помош, но ме советуваа кога ќе стигнам во Виена, да пријавам во полиција. Синоќа отидов во полиција и пријавив, барам од полицијата да ме заштити и да ми помогнат, да ме заштитат и мене и мојата ќерка и мојата мајка. Ме испратија дома. Денеска ситуацијата стана алармантна затоа што моето лице беше препознатливо во сите медиуми. Бев многу уплашена, и стравував дека ќе останам без работа“, рече жената за „Космо“.
