Австриските пожарникари утре си заминуваат од Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Австриските пожарникари кои помагаа во гасењето на пожари во Македонија си заминуваат од државата, објави доброволната противпожарска бригада noe122.at.

Тие посочуваат дека на 5-ти август започнала една од најразвиените и најголемите странски операции на доброволните противпожарни бригади на Долна Австрија и Штаерска.

„Илјадници хектари шума беа целосно опожарени во Северна Македонија, а за неколку часа, пожарникари од Австрија тргнаа да им помогнат на колегите во Северна Македонија со нивното знаење и најсовремена техничка опрема.

Сега е објавен и крајот на оваа успешна работа.

Тие не само што ги изгаснаа големите пожари, туку спасија и неколку села од целосно уништување. Утре наутро, и последните пожарникарски сили ќе се вратат во својата татковина“, се вели во објавениот текст.

Тие додаваат дека ваквите големи логистички, кадровски и технички операции се заштитен знак на доброволната противпожарна бригада.