Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека за утре (27 јули) е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија).
Според информациите од надлежните грчки власти, штрајкот ќе трае од 05:00 до 09:00 часот, според македонско време.
Во тој период, патничките возила ќе можат да ја преминуваат границата на секои 10 минути, додека товарниот сообраќај ќе биде целосно запрен, и при влез и при излез од Грција.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки и ќе бидат ангажирани сите расположливи човечки и технички капацитети, со цел сообраќајот на македонската страна од граничните премини да се одвива што е можно понепречено и без застои.
