Автобус излета во река во Франција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Автобус што превезувал патници денес паднал од мост во Франција во река, а според француските медиуми, возачот и патниците биле спасени.

Автобусот паднал во река во близина на градот Живизи-сур-Орж, пренесува Фигаро.

Се наведува дека во моментот на инцидентот во возилото имало четири лица.

Според извор близок до истрагата, еден од нив сè уште не е пронајден. Полицијата и пожарникарите моментално се на местото на настанот.

„Паризиен“ објавува дека, според нивните информации, возачот ја изгубил контролата, по што автобусот слетал во реката Сена.

Моментално нема информации за жртви, а според информациите достапни за Паризјен, возачот и патниците се спасени.