Автомобил прегази кенгур во Словачка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Еден кенгур загинал кога автомобил го прегазил на патот меѓу селото Виталишовце и селото Смречани во Словачка.

Според полицискиот извештај, 37-годишен возач на автомобил удрил во кенгур кој наеднаш излегол на патот.

Сопатниците во автомобилот не се повредени.

Се уште не се објавени информации како кенгурот завршил на патот. Истрагата за инцидентот е во тек.