Автомобил кој се движел во пешачка зона, се забил во толпа луѓе при што загинаа најмалку две лица, пренесува „Билд“.
Повредени се најмалку осум лица, од кои две се борат за живот.
Според очевидци, автомобилот се движел со голема брзина во самиот центар на градот, а портпаролот на полицијата потврди дека има повеќе настрадани, додавајќи дека ситуацијата на теренот и натаму е нејасна.
Според извештајот на Радио Лајпциг, на пешачката зона возел автомобил „Волксфаген SUV“ со лице на кровот на возилото.
Дел од очевидци велат дека се случил и напад со нож.
JUST IN – Two killed, several others injured after car attack strikes crowd in Leipzig, Germany. pic.twitter.com/iPTHZNEJhH
— Confidential Post (@The_C_Post) May 4, 2026
