Премиерот Христијан Мицкоски, за време на посетата во Германија во Дизелдорф учествуваше на Самитот посветен на отпорноста во Северна Рајна-Вестфалија.
Како говорник на панелот “Отпорност како императив за севкупното општество”, тој истакнал дека Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ заради вештачки прашања.
„Сега се соочуваме со вештачко барање од земја членка ма ЕУ, а сето тоа може да се гледа и како на рушење на отпорноста на ЕУ, а кога постои таква дупка во системот, тогаш станува збор за ранливост на системот. Не секогаш рушењето на системот е предизвикано од оружје, туку и со други ресурси“, нагласил Мицкоски.
Според него, затоа е потребна робусна акција на ЕУ кога земја кандидат се бори со прашања од минатиот век поставени од земја членка на ЕУ.
„Членството во ЕУ значи промена со додавање вредности, а не промена на идентитет. Почнавме пред 26 години, дури и пред Хрватска, којашто сега е земја членка на ЕУ. Се бориме за нашите права, дел сме од НАТО, целосно усогласени со надворешната политика на ЕУ, ја штитиме ЕУ од нелегална миграција од членки на ЕУ, и така ќе продолжиме“, се вели во објавата на Мицкоски.
