Азири и Лога со спротивставени ставови – Шаќири вели дека ДУИ ќе биде конструктивна поради „хипотеките“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Додека се појавија првите несогласувања во ЕФ за тоа зошто се гласало за законот за организација на министерствата, се чини спротивставени ставови има и во АА, крилото на Села. Пратеникот Елми Азири остро ја критикуваше одлуката да се даде поддршка на еден таков закон предложен од ВМРО-ДПМНЕ и рече дека Комисијата што ја добиле во замена е непотребна и несериозна.

„Не се согласивме со ова, мислевме дека е несериозно формирањето на комисии, собранието има неколку комисии. Една од овие комисии е анкетната комисија. Анкетната комисија од утре може да се состане, да го каже ставот и одлуката, да се оди во надлежните институции и да се види каква е застапеноста. Оваа непотребна комисија нема да даде никакви резултати. Ќе резултира со две-три страници официјален ракопоис, Блерим Беџети ќе се појави во Собрание, ќе го прочита извештајот и готово“, вели Елми Азири.

Од друга страна Кренар Лога од истата партија за 360 Степени рече дека оваа комисија е важна не само за Албанците туку за цела Македонија.

Но каде застана реториката на ЕФ од каде велеа дека нивните гласови за 2/3 мнозинство одат само за уставните измени?

-Дали ќе ги имаат гласовите на ЕФ?

„Не, тие не можат да имаат гласови на ЕФ. Видете 80 гласа, тоа се гласови што треба да го отворат уставот. Гласот на Европскиот фронт не прави да бидат  80, без отворање на Уставот на земјата и без воспоставување на дефинициите што ги имаме за Европската Унија“, вели Арјанит Хоџа.

Пратеникот  Ријад Шаќири од ВРЕДИ, вели дека гласовите на ЕФ за предлог-законот на ВМРО и се дадени заради хипотеки, бидејќи, како што додаде, имаат различни хипотеки кои сакаат да ги избегнат на овој начин.

„Тие секогаш ќе бидат конструктивни. Зошто мислите така? Ќе бидат конструктивни кон ВМРО затоа што имаат разни хипотеки кои мора да ги амнестираат“.

Законот за реорганизација на министерствата беше изгласан во саботата во 14 часот и 30 минути по полноќ со 88 гласа „за“ и 22 „против“. ЗА гласаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ како и на дел од Европскиот фронт, а против беа СДСМ и Левица. Четворицата пратеници на АА не гласаа.