Пратеникот од Алијанса за Албанците Елми Азири вечерва во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 обвини дека цената на електричната енергија се зголемила за 7,2 проценти во време на пандемија.
За ова, министерот за економија Крешник Бектеши посочи дека Владата не може да влијае на одлуките на Регулаторната комисија за енергетика.
Претставникот од СКСЗМ, Менди Ќира, пак, вели дека компаниите немаат само потреба од парични средства.
„Владата мораше многу подобро да ја администратира помошта во вид на издавање на лиценци, разни градежни дозволи, потребна документација и.т.н“, додава Ќира.
