Фатон Азизи во „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека неговата кандидатура за ОЈО ГОКК е мотивирана од желбата да го искористи своето професионално искуство и да придонесе за развојот на институцијата.
„Првиот повод поради кој јас најискрено се појавив на овој оглас е мојата интелектуална компонента да давам придонес во фелата, а со тоа автоматски и придонес во општеството. Сметам дека како дел од младата генерација, кандидат од шеста генерација во Академија за судии и јавни обвинители, искуството во ОЈО ГОКК, тоа што се случува околу нас, сметав дека обврска ми е пред се, а и чест да бидам дел од оваа институција и да го дадам мојот придонес на најдобар можен начин. Секој од нас како интелектуално битие има обврска на крајот на денот да си го даде својот придонес во општеството. Сметам дека искуството, младоста, енергијата, желбата да по-продолжувам да ја издигнувам таа институција на ниво на кое што одговара на предизвиците на времето се главни причини поради коишто јас искрено се понудив како дополнителна вредност во оваа област“, порача Азизи.
