Традицијата продолжи, но поради пандемијата со нови мерки. Со кочија и бадников куп од дабово дрво, овогодинешниот кум д-р Пановски пристигна пред Соборниот храм во Скопје.
„Само уште малку трпение да не ја расипеме работава на крај. Имаме поубава година и до година да се собереме како што приличи на секој Бадник.“, рече Никола Пановски.
Граѓаните кои ги анкетиравме пак според верувањето, кај и да си, за Бадник дома да си.
„Величенствено. Децата ќе ми дојдат. Паричка, сарма, гравче и така.“
„Сите наши православни обичаи за бадник ги правиме. Доаѓаме во Соборниот храм, тука ќе се идиме со старите другари и така. Очекуваме една убава држба, како денеска така и утре на божиќната трпеза со нашите наблиски.“
„Лепчето оваа година го нарачав. Во жалост сум, сама ќе бидам оваа година, пред шест месеци ми почина сопругот.“
Покајанието и поправањето се најдобриот лек против сите болести на телото и душата, советува во своето божиќно послание поглаварот на МПЦ Охридска-архиепископија г. Г. Стефан.
„Состојбата која целиот свет ја преживува со пандемијата ни докажа колку човекот не немоќен и покрај цела своја самоувереност и покрај сите свои достигнувања и знаења, но најстрашната пандемија на денешницата е тоа што луѓето заборавија да го љубат бога и да ги љубат луѓето.“, вели г.Г.Стефан.
Но дел од граѓаните и синоќа славеле, па реагирале и од Министерството за внатрешни работи. Десетина лица од скопско Орман се приведени. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да не организираат било какви собирања односно да ги почитуваат мерките за справување со коронавирусот.
Во југо-западните делови на земјава, огнови беа гаснети и со помош на противпожарни единици.
Оваа година изостанаа традиционалните бадникови поворки, а од Македоснакта православна црква информираат дека откажаните се и сите масовни собири кои требаше да се случат во периодот кој следува.
