Баерн Минхен ја освои Лигата на шампионите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Баерн Минхен е нов европски првак, откако оствари победа во финалето над ПСЖ со 1:0 со голот на Кингсли Коман.

Со тоа Баерн стана првиот тим кој што ја освои европската шампионска титула, со сите победи во Лигата на шампионите оваа сезона и со дури 43 постигнати голови.

Голот се случи во вториот дел откако Кимих центрираше, а Коман со глава го совлада Навас, кој беше доволен за пехарот.

Баерн претходно ја освои и титулата во Германија, и Купот на Германија.