Баерн Минхен во недела оди на својот шести трофеј во Лигата на шампионите, откако „Баварците“ вечерва во полуфиналето го совладаа Лион со 3:0. Два гола постигна Гнабри, и еден Левандовски за големо финале на германскиот тим.
Лион одлично почна, со две добри шанси, и ја погоди еднаш стативата. Следуваше веднаш казна и водство на Баерн по соло акција на Гнабри. До крајот на полувремето беше 2:0 со среќниот гол на Гнабри.
И покрај негативата, Лион се обиде да се врати со две добри шанси, но не ги реализираше, за потоа Левандовски да погоди за 3:0 по изведен корнер.
Баерн Минхен во битката за големиот пехар ќе се сретне со ПСЖ, кому ова му е прво финале. Финалето се игра во недела во 21 часот во Лисабон.
