Заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа денеска во „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека податоците покажуваат дека образованието не целосно било подготвено за спроведување на далечинско учење.
„Слободно може да кажеме дека образованието не целосно беше подготвено за спроведување на далечинско учење во отсуство на едно системско квалитетно решение, во отсуство на национална платформа за поддршка на водењето на образовниот процес, преку конкретни мерки и активности како да се реализираат наставните планови во вакви услови“, вели Бајрамовска-Мустафа.
Таа смета дека на виделина излегле голем број на слабости.
„На виделина излегоа голем број на слабости во аспект на техничките неекипираности, не можност на учениците да пристапат до интернет наставата, така е поради не можноста за користење на интернет или финансиската состојба, слабата поддршка што ја добиваа од семејството, слабата поддршка од страна на наставниот кадар кој, исто така, не беше обучен целосно обучен за спроведување на знаењата на информатичката технологија во пракса“, посочува заменик народниот правобранител.
Целото интервју можете да го погледнете во 19:10 часот на ТВ21.
