Бактерија во водата во Патишка Река – дали се проверува квалитетот на водата на јавните чешми?!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ахмет Љоку од Чаир заедно со неговото семејство на секој трет месец доаѓа да прошета низ туристичкото место Патишка Река. Доаѓа поради чистиот воздух и да наполни шишиња со вода од чешмата на Патишка река затоа што смета дека тука водата е чиста.

„Природата е многу убава, доаѓаме на два-три дена и се враќаме дома. Да полниме вода. Многу е добра водата. Пиеме по 3-4 чаши вода и не ни се дуе стомакот. Водата нема хлор. Многу е добра водата“, вели Љоку.

Но, еден граѓанин кој со години полни вода тука, решил да направи биолошка анализа на водата. Резултатите покажале дека водата не ги задоволува батериолошки критериуми на чистота. Всушност има батерија „Ешерихија коли“ и „Ентерококи“.
Што всушност предизвикуваат овие бактерии во нашиот организам го прашавме докторот Михаил Кочубовски.

„Тие се колифорни бактерии може да предизвикаат цревно заразно заболување кај човекот кој не е навикнат на таква вода. Претпоставувам дека луѓето ја пијат таа вода и има некоја навика, особено кај повозрасните, но кај децата може да предизвика одредени проблеми во цревниот тракт“, вели Михаил Кочубовски, специјалист по хигиена во Институтот за јавно здравје.

Кочубовски, кој е од Институот за јавно здравје, вели дека решението е да се врши хлорирање на водата, всушност дезинфекција од страна на месната заедница.

„Не е сигурна водата, значи не е безбедна за пиеење. Луѓето во овој случај најдобро е ако не ја хлорираат, да ја вријат водата една до две минути, после тоа да отстои да се олади и да ја пијат оладена.“, вели Кочубовски.

Според Емилија Крстевска од невладината организација „Вода за промени“ вели дека голем број на руралните средини и маргинализирани групи немаат пристап до чиста вода.

„Правото на здравје се основни човекови права. Државата е таа која треба да биде адресирана кон овие права. Таа има должност да обезбеди пристап до вода и безбедни услови за санитација за секој човек. Наидуваме на проблеми кога треба да се направи прочистување или хлорирање на водата, не секогаш тоа се прави во селските заедници“, рече Крстевска.

Водата од ова место била чиста, но квалитетот се влошил откако локалното население решило од изворот да направи јавна чешма.

Од општина Сопиште велат дека постојано прават анализи на јавните чешми, но потврдуваат дека не се сигурни за пиење.

„Тие се со локален извор, кој што не се контролира. Нивниот квалитет е секогаш променлив дека хемискиот состав е стабилен, но бактериолошкиот состав е променет на овие чешми. Системски не е уреден целиот процес, тоа е класично зафаќање на некој извор и тоа кој знае кога е направено од месното население. Класично е зафатен изворот спроведен со некои цефки до чешмата“, вели градоначалникот на Општината.

Од невладита организација „Вода за промени“ велат дека 98% од градовите и 78% од руралните среднини имаат пристап до чиста вода. А, пак од Институтот за јавно здравје велат дека Македонија е од ретките земји во светот со чиста вода. Сепак, објаснуваат дека во руралните и помалку населени места, водата има бактерии бидејќи протокот на вода е многу мал. Инаку селото Патишка Река е 30 километри одалечено од градот, се наоѓа на планината Караџица.