Бајруш Мјаку ја започна подготовката на претставата „Таткото“, со која одбележува 53 години уметничка кариера

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денес, во просториите на Албански Театар – Скопје, се одржа првата проба за подготовка на претставата „ТАТКОТО“ – Флориан Зелер, во режија на Иван Поповски, во продукција на “Театарот на Еден Актер”.

Воедно, со оваа претстава се заокружува 53 годишната, богата уметничка кариера на Бајруш Мјаку. На ова патување ќе ме придружуваат колегите: Амернис Нокшиќи, Фисник Зеќири (воедно е и асистент на режија), Сабина Мемиши Асланaj и Флакрон Алиу.

Сценографијата е на Енес Деари, костимографијата на Изет Цури, а музичките илустрации на Оливер Јосифовски.

Премиерата на претставата ќе се одржи во рамките на Охридско лето 2026, на 13 јули 2026 година, во Охрид.

Претставата „ТАТКОТО“ – Флориан Зелер, е поддржана во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд, како и со поддршка на Општина Чаир и Општина Струга.

Останува надежта дека позитивно ќе се вклучи и Министерство за култура на Република Северна Македонија.