Фудбалерите на Астон Вила се нови освојувачи на Лига Европа, откако во финалето одиграно во Истанбул убедливо го совладаа Фрајбург со 3:0.
Тимот од Бирмингем беше подобар во текот на целиот натпревар и заслужено стигна до нов европски трофеј, прв по 1982 година кога ја освои титулата европски шампион. Англискиот клуб во својата историја го има освоено и Интертото купот во 2001 година.
На стадионот Бешикташ Парк, Астон Вила поведе во 41. минута преку Youri Tielemans. Во судиското продолжение од првиот дел, во 45+3 минута, Emiliano Buendía зголеми на 2:0, додека конечните 3:0 ги постави Morgan Rogers во 58. минута.
За тренерот Unai Emery ова е петти трофеј во Лига Европа. Шпанскиот стратег претходно трипати триумфираше со Sevilla FC и еднаш со Villarreal CF, со што дополнително го зацврсти статусот на еден од најуспешните тренери во ова натпреварување.
До крајот на сезоната во европските клупски натпреварувања остануваат уште две финалиња. Во Конференциската лига на 27 мај во Лајпциг ќе се сретнат Crystal Palace F.C. и Rayo Vallecano, додека финалето во Лигата на шампионите меѓу Paris Saint-Germain F.C. и Arsenal F.C. ќе се игра на 30 мај во Будимпешта.
