Балансерот ќе се претвори во закон – Меџити: Не е укинување туку унапредување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Балансерот кој досега ја регулираше етничката застапеност во текот на вработувањата ќе се претвори во Закон за еднаква застапеност и тоа според првиот вицепремиер Изет Меџити, е унапредување кое ќе гарантира еднаквост и меритократија во текот на вработувањата. Кој нема да го почитува, ќе се соочи со законот.

„Доколку направиме споредба на механизмот со законот, не е укинување туку унапредување. И во минатото требаше да го замениме механизмот со закон бидејќи законот има поинаква правна тежина. Законот ги обврзува и тие кои сакаат и тие кои не сакаат да го спроведат бидејќи доколку не го почитувате законот ќе се соочите со законско прекршување. Било да е директорот Албанец или Македонец, или било да е Министерот Албанец или Македонец“, порача Изет Меџити.

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека ваквото унапредување доаѓа по направените анализи од скрининг процесот на ЕУ. За критиките и обвинувањата на албанската опозиција, Мицкоски рече дека тие треба да се произнесат дали се ЗА или Против ЕУ.

„Што се однесува до вработувањата, новиот министер за здравство, Арбен Таравари, вчера најави дека тие кои не одат на работа, ќе бидат отпуштени. Во текот на формирањето на новите министерства, тој најави систематизирање на вработените таму каде што има потреба“, вели Христијан Мицкоски.

„Сите луѓе кои одат на работа, никој нема да биде отпуштен, ви гарантирам. А тие кои не одат на работа, да. Ќе има систематизирање на вработените во институциите таму каде има потреба. Така да ве уверувам дека лицата кои се вработени и работат, ниту еден од нив нема да биде отпуштен“, вели Арбен Таравари.

Балансерот има задача да гарантира етничка еднаквост во текот на вработувањата во јавниот сектор, врз основа на последниот попис на населението. Секоја институција кога објавува оглас за вработување, на крајот на огласот треба истакне од која етничка заедница треба да биде лицето кое ќе аплицира за работа. Сепак, ова во повеќе наврати беше злоупотребено до граѓаните. Многу Македонци или други се изјаснија дека се Албанци и обратно.