Балансирајте го вашиот ден: Која храна предизвикува добро чувство што трае цел ден?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во ден исполнет со бројни обврски, во брканица со времето и она што сакаме да го постигнеме, со сите обврски за децата, семејството, на работа, потребно ни е квалитетна храна што ќе ни помогне да го издржиме ова динамично темпо. При вакво темпо забораваме на себе и влегуваме во круг од брза и лоша исхрана а тоа предизвикува физички, психолошки и социјални промени кои на крајот се одразуваат врз квалитетот на животот.

А првото што може да го направите, пред комплетно да се свртите кон здрав начин на живот и физичка активност, е преку храната да внесете баланс во организмот и со тоа да достигнете чувство на леснотија и виталност. Со првите симптоми на чувство на постојан замор, раздразливост и нетолерантност и кон најмалите ситници, тешко и тромаво тело и чувство на подуеност, се манифестира недостаток на рамнотежа во организмот.

Започнете со правилна исхрана и внесување функционална храна. Тоа ќе придонесе за физиолошка и психолошка рамнотежа и ќе ја зголеми отпорноста кон стресот, инфекции и болести. Дигестивниот баланс е клучен за здрав, витален и отпорен организам.

Сѐ започнува оттаму, а овој баланс се создава со внесување пробиотици и пребиотици, наспроти лошите бактерии. Консумирањето функционален јогурт, којшто во својот состав ги содржи токму најпотребните пробиотски и пребиотски култури, како што е Баланс+, е најлесниот начин да ја започнете трансформацијата на телото и да создадете рамнотежа во организмот. Баланс+ ги содржи пробиотските култури Lactobacillus acidophilus и Bifidobacterium и пребиотикот олигофруктоза, кои влијаат и го подобруваат метаболизмот и варењето на храната. Lactobacillus acidophilus и Bifidobacterium се пробиотици кои земени во доволни количини имаат позитивен ефект врз здравјето и влијаат врз варењето и подобрувањето на имунолошкиот систем, со тоа што не дозволуваат лошите бактерии да се населат во дигестивниот систем, додека пак, олигофруктоза е пребиотик којшто е храна за пробиотиците и го засилува нивното дејство.

Со регулирање на работата на дигестивниот систем започнува и балансот во организмот, а понатаму следат и другите физички и психички промени. Сето ова е потврдено и со клиничката студија што е направена за Баланс+, која врз основа на резултатите од повеќе учесници покажа дека работата на дигестивниот систем се регулира по само 10 дена редовно консумирање на 500 грама Баланс+ поделен во два оброка.

Повеќе информации и детали за резултатите од студијата достапни се овде.