Коалицијата „Менуваме“ поднесе предлог план за реверзибилна инклузивност до Министерството за образование. Тоа значи дека децата со попреченост можат да учат заедно со другите деца бидејќи, според нив, наставната програма е иста. Исто така, коалицијата „Менуваме“ бара да се зголеми бројот на образовни асистенти и секое дете да има свој асистент, за разлика од досега каде три деца имале еден асистент.
Коалицијата не добила гаранција од МОН дека ќе се зголеми бројот на асистенти, откако годинава имаше 720 асистенти. Бараат да профункционира како што треба Меѓународната квалификација на функционирање бидејќи, како што велат, ги одолговлекуваат постапките за добивање на потврда за потребата на образовен асистент. Додаваат дека како коалиција бараат термините да се закажат со системот „мој термин“ а не преку МКФ.
Меѓународната квалификација на функционирање има задача да ги провери децата и да потврди дали тие ќе продолжат редовна настава или со образовен асистент, односно заедно со децата со посебни потреби.
По средбата, министерот Јетон Шаќири, не даде изјава за медиумите ниту некој друг од МОН.
