Миле Кебакоски од здружението „Фармери југозапад“ во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 изјави дека фармерите бараат оваа година субвенционирањето да се реализира по старата програма.
Тој посочи дека е потребно да се формираат работни групи и да се изготви соодветна програма која ќе ги опфати потребите на земјоделците.
