Барди: Додека бев во карантин мислев дека нема да играм на ЕП, а сега со нетрпение ги чекам натпреварите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонскиот репрезентативец Енис Барди, денеска на прес-конференција во Букурешт, го искажа искуството за време на карантинот во хотелот „Хилтон“ поради позитивниот тест на коронавирус. Тој мислел дека воопшто нема да настапи на ЕП, меѓутоа откако добил негативен тест, тагата се претворила во радост.

„Да се заблагодарам на селекторот на цела федерација. Беше тешко за мене, мислев дека ќе го загубам Европското првенство, но помина тоа, поминаа тие 10 дена кои бев во карантин, сега сум добро, немам проблем, тренирав во соба, исто така трчав со тренерите за физичка подготовка. Во овој момент сум подготвен. Едвај чекаме да почне натпреварот, подготвен сум, мислам дека на вакви натпревари секој ги чека 100% и ништо само да тренираме овие денови и да давеме се од себе“, рече Барди.

Тој ги истакна очекувањата од Европското првенство, и истакна дека е подготвен уште за првиот меч, но од селекторот ќе зависи дали ќе игра или не.

„Јас сум задоволен што сум дел од овој успех. Дали ќе играм или не, тоа зависи од селекторот, што ќе одлучи, јас сум подготвен за секој натпревар, за секоја минута. Најпрво добро е што сум здрав и што сум дел од Европското првенство, ова ме израдува. Ќе дадеме се од себе. Треба да уживаме секоја минута“.

И Тихомир Костадинов ги искажа своите очекувања од дуелите на Европското првенство.

„Овие натпревари, последните два беа една добра увертира за ЕП. Одигравме добри натпревари, знаеме дека се пријателски, но последниот меч со Казахстан ќе ни помогне за нашата самодоверба, за тоа како ќе одиграме на првите мечеви во ЕП. Одработивме добар дел во овие две недели во кои сме заедно. Било кој противник да беше како прв, секој меч ќе биде тежок и е еден голем предизвик за нас затоа што сме првпат на едно вакво натпреварување. Австрија не победи на последните два меча, но ова е нов натпревар, нов ден, на тие дуели не мислиме, само да ги поправиме грешките и да се подготвиме максимално за да го добиеме тој натпревар.

Очекуваме поддршка од нашите навивачите, знаеме дека се најгласни и најдобри, и многу ќе ни значи нивната поддршка“, рече Костадинов.