Нашиот соговорник вечерва во Клик Плус, аналитичарот Курт Басинер рече дека проблемот со ЕУ е што заборавила што е вистинската цел на проширувањето.
Тој, сепак, истакна дека не е евроскептик, но дека во ЕУ практикува бирократизиран пристап, и ја искористува секоја влада од регионот.
„Не би се нарекол себе си евроскептик. Проблемот што јас го гледам е дека Европската Унија навистина заборави што е вистинската цел на проширувањето продолжи да одолговлекува со аплицирањето на нејзините вредности во регионот, а и држењето до истите. Го гледате и проблемот за кој се дискутираше претходно, за различните кампови во Европската Унија кои се рефлектираат во еден многу бирократизиран пристап кој Европската Унија го практикува и кој ја искористува секоја влада од регионот, а Северна Македонија не е исклучок“, вели Басинер.
