Десет непалски шерпаси исчезнаа во лавина на Хималаите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку десет непалски шерпаси се водат како исчезнати откако лавина го погоди нивниот базен камп на Хималаите.

Несреќата се случи во близина на врвот Химлунг Химал, во округгот Мананг.

Според метеоролошките податоци во подрачјето каде што се случи несреќата изминатите денови врнело снег. Спасувачката мисија е отежната поради лошите временски услови, а хеликоптерите и спасувачките мисии се уште не можат да пристапат до местото на несреќата.