Многу пратеници на денот на гласањето за измените на новиот кривичен законик беа присутни во салата, но не гласаа. Според списокот на поединечни гласови на пратеници, не гласале ниту еден пратеник на Алијансата за Албанците, неколку пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, пратеничката Мерита Коџаџику и Фадиљ Зендели. За разлика од другите партии од власта кои јасно кажаа дека се за или против овој закон, Алијанса за Албанците остана рамнодушна. Го прашавме координаторот на пратениците на АА, Атнан Незири, зошто воопшто не гласаа во Собранието, тој рече:
Го прашавме Незири дали АА останува во салата само за да овозможи кворум, но тој тоа го негираше со образложение дека кворумот не е доведен во прашање поради големото присуство и на албанската и на македонската опозиција. Не гласаше ниту пратеникот на Беса, Фадиљ Зендели.
Дури и лидерот на Демократското движење Изет Меџити синоќа во Тетово кажа дека заедно со пратениците Мерита Коџаџику и Кастриот Реџепи не биле присутни во салата за време на гласањето.
Што се однесува до македонската опозиција, како што може да се види од поединечниот избирачки список, пет пратеници на ВМРО-ДПМНЕ не гласале, а шестмина биле отсутни. Пратеничката Ели Панова вчера ни изјави дека во салата не биле присутни ниту оние пратеници кои се евидентирани дека не гласале. Од присутните, како што рече Панова, сите пратеници гласаа против.
Единствените пратеници Албанци кои гласаа против беа Хисни Исмаили и Бастри Бајрами.
