Бебе кое се родило на ГАК е позитивно на корона вирус, пренесува Телма потпирајќи се на извори од Клиниката.
Тоа е изолирано во посебна просторија, и се смета дека е можно да е првото новороденче кое се заразило со вертикална трансмисија од мајката. Од клиниката за гинекологија ја потврдиле оваа информација но оставаат простор за сомнеж бидејќи со тоа ова би било прв случај на вертикална трансмисија на Ковид 19 што до сега не беше докажано дека постои.
Овој случај го потврди и министерот за здравство Венко Филипче кој најави дека и бебето и мајката ќе бидат подложени на второ тестирање. Тој исто така истакна дека не знае како дошла трансмисијата на вирусот и ќе се испитува во следниот период.
