Дејвид Гета: Во Македонија го одржавме најголемото шоу на странски изведувач досега!Каква неверојатна ноќ – благодарен сум ви на сите!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Францускиот диџеј и музички продуцент Дејвид Гета се огласи по настапот за независноста во Македонија, заблагодарувајќи им се на публиката за, како што вели, неверојатната ноќ.

Гета на својот профил на Инстаграм објави фотографии и видеа од настапот, истакнувајќи дека со публиката заедно го направиле „најголемото шоу досега одржано од меѓународен изведувач во земјата“.

„Каква неверојатна ноќ! Заедно го направивме ова најголемото шоу што некогаш го одржал странски изведувач во земјата. Многу сум ви благодарен на сите“, напиша Гета.

Со пораката „Во Македонија со неколку пријатели“, светски познатиот музичар сподели дел од атмосферата од концертот, кој привлече голем број посетители.