Академик Абдулменаф Беџети, претседател на Фискалниот совет, во емисијата Бизнис 21 на ТВ21 оцени дека на краток рок не е можно од буџет кој главно има социјална функција да се премине кон буџет кој директно ќе поттикнува економски раст.
„Како од социјален буџет да преминеме во буџет кој би носел раст? Тоа едноставно не е можно на краток рок. Буџетот е економски инструмент за остварување на економските цели на една држава и неговото влијание врз растот се остварува постепено“, изјави Беџети.
Тој истакна дека за да буџетот стане стимул за економска активност, потребни се структурни промени, внимателно планирање и временски период за реализација на инвестиции и економски политики.
