Блерим Беџети од Европскиот фронт вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 рече дека коалицијата Вреди се обидува да манипулира со мислењето дека наводно имале гласови само од Албанците.
Тој вели дека коалицијата добила гласови и од другите заедници при пребројувањето на гласовите.
„Ние зборуваме многу отворено како Европски фронт и не се криеме зад неуспехот што го имаа и се обидуваат да манипулираат со мислењето дека наводно чисти албански гласови, дури и самиот Арбен Таравари вели дека имале македонски гласачи кои гласале за Вреди“, изјави Беџети.
