Беким Сали кандидат за Чаир? – Алтернатива потврдува, но не и Алијанса за Албанците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Доколку општина Чаир ѝ припадне на Алтернатива за да предложи кандидат за локалните избори, тогаш тоа би бил Беким Сали, откри синоќа во „Клик Плус“, Скендер Реџепи од Алтернатива.

„Јас мислам дека кога ќе седнат комисиите, основата мора да им биде, првин кандидатот, второ – политичката моќ, и трето – балансот на политичките сили на коалицијата во зонските реони. Овие три елементи треба да бидат многу важни. Ако се постигнат, што верувам дека ќе бидат постигнати, тогаш Чаир ќе ѝ припадне на Алтернатива“, истакна Скендер Реџепи. 

Името на Беким Сали се разликува, вели Зејди, додавајќи дека не сака да го потцени ниту другиот кандидат кој кружи во јавноста, претседателот на огранокот на Алијанса во Чаир, Зуди Кока.

Ако Алтернатива отворено го изнесе името на нивниот потенцијален кандидат, коалициониот партнер, Алијанса за Албанците, не потврдува ништо. Не добивме одговор ниту на нашето прашање – дали Беким Сали е прифатливо име за нив?!

„На локалните избори најдобрите кандидати ќе бидат од Коалицијата Алијанса за Албанците -Алтернатива“, посочуваат од Алијанса за Албанците. 

Во однос на коалициите за октомвриските локални избори, Реџепи рече дека во првиот круг АА-ААА нема да коалицира со други субјекти. Во вториот пак, ќе се разгледа заедничкиот интерес за изборната програма, иако и за овој круг Зејди е скептичен околу можната соработка со, како што рече, ВМРО која не излегла од кожата на „груевизмот“ и со СДСМ која ги изневерила гласачите.

„Јас лично не гледам можност коалицијата АА-ААА да има соработка било со СДСМ, било со ВМРО“, вели Скендер Реџепи.

Поранешниот генерален секретар на Алтернатива посака да не се прават грешки во рамките на коалицијата АА-ААА за локалните избори. Убеден е дека ќе победат во албанските општини, вклучувајќи ја и Чаир, општина за која вели дека никогаш немал аспирации да стане нејзин градоначалник.